ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ ЌЕ ПОЛАГААТ ПРВ КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ ОСНОВИ НА ПРАВОТО И УСТАВНО ПРАВО НА 23.11.2020 ГОДИНА

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ ЌЕ ПОЛАГААТ ПРВ КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ ОСНОВИ НА ПРАВОТО И УСТАВНО ПРАВО НА 23.11.2020 ГОДИНА

Почитувани студенти,

Првиот колоквиум по предметот Основи на правото и уставно право ќе се реализира on-line.

Студентите испитот може да го реализираат само доколку имаат активна меил адреса на uklo.edu.mk (доколку немаат службена емаил адреса да се обратат кај колешката Оливера Трајанова на меил – olivera.trajanova@uklo.edu.mk да им креира). Пред почетокот на испитот студентите треба да се најават –логираат со тој меил.

За да полагате  задолжително треба да обезбедите:

  1. Два (2) уреда: (1 мобилен телефон и 1 лап топ или компјутер, или два лап топа- компјутери, сеедно). На двата уреда мора да има стабилна интернет врска и мора да има камера.
  2. На вашите е-маили ќе Ви бидат пратени два линка од две апликации на кои ќе се приклучите. На едниот уред со камера ( на пример, мобилниот тел.), камерата треба се постави на начин на кој треба да се гледа  екранот на компјутерот ( лап топот сеедно),  бирото или просторот пред Вас и Вие лично да се гледате, односно Вашиот профил од страна.
  3. Ако некој од вас, евентуално, не е доволно дигитално подготвен нека си обезбеди некој што ќе му помогне за да се приклучи како што е опишано погоре. Студентите кои нема да се приклучат на бараниот начин нема да можат да го полагаат испит он лајн. Затоа уште еднаш  Ве молам, сфатете го ова сериозно, за да нема после непотребни нервози и губење време. Ако не се  се приклучите соодветно и  ја наместите камерата на начин на кој  е опишан,  ќе ја изгубите можноста да полагате. Затоа навремено обезбедете два електронски уреди, со камера.
  4. Нaвремено проверете и обезбедете начин како камерата од вториот уред ќе го фати бараниот поглед од страна и пред време проверете го аголот за да го добиете бараниот поглед. Во спротивно, доколку некој од поканетите студенти не биде претходно идентификуван дека правилно ја поставил камерата, дури и по некоја случајност ако успее да одговара на тестот, таквиот тест ќе биде поништен.
  5. Претходно добро наполнете ги батериите на двата уреда. Изговорите во стилот: “ми се испразни батеријата, или немам интернет, или неисправен ми е уредот“, нема да бидат прифатени.
  6. Имајте кај себе индекс со слика, или лична карта, за да ја покажате јасно кога ќе ви биде побарано.
  7. Испитот покрај мене ќе го контролираат уште неколку професори, лица од административно техничкиот кадар, а целиот испит ќе биде сниман на платформата ZOOM.
  8. Едниот меил (покана) на ZOOM апликацијата ќе Ви биде испратен/а од колегата Кемал Рушид, од неговата е-маил адреса и на него ќе се вклучите од едниот уред (на пример телефон), другиот е-маил (покана) на GOOGLE MEET ќе Ви биде испратен/а од колешката Оливера Трајанова, од нејзината е-маил адреса и на таа покана ќе се вклучите од лаптоп (компјутер) од каде и ќе го решавате тестот.

Студентите од прва година треба да се вклучат во 9.45 часот. Испитот ќе започне во 10.00 часот и ќе биде лимитиран на 15 минути. По истекот на времето ниту линкот  ќе  биде достапен ниту ќе се регистрираат одговорите на прашањата.

Откако студентите ќе се вклучат на двата линка и ќе се направи нивна идентификација во 10.00 часот ќе добијат тест. Тестот може да се решава само еднаш.

Студентите кои го имаат презапишано предметот ќе треба да се вклучат во 10.45 часот. Испитот за нив ќе започне во 11.00 часот.

Ви посакувам многу  успех

Проф.д-р Наташа Пеливанова