Термин за самостојна (домашна) работа – есеј – септемвриска сесија

Термин за самостојна (домашна) работа – есеј – септемвриска сесија

Се известуваат студентите коишто ја имаат ислушано предметната програма Меѓународно право за права на човекот дека терминот за изработка на самостојна (домашна) работа – есеј за септемвриска сесија е заклучно со 31.08.2020 (понеделник) Сите информации за оваа писмена активност (незадолжителна) се достапни во планот за реализација на настава објавен на интернет страницата на Факултетот. Поради ситуацијата со короната во државата истата нема да се пишува во еден термин во присуство на наставникот туку треба да се изработи и да се достави на електронската адреса на наставникот (marijamilenkovska@yahoo.com) заклучно со 31.08.2020. Самостојната (домашна) работа – есеј не треба да содржи повеќе од 1500 зборови (подолгите нема да бидат предмет на оценување).