Термин за самостојна (домашна) работа – есеј – ноемвриска сесија

Термин за самостојна (домашна) работа – есеј – ноемвриска сесија

Се известуваат студентите коишто ја имаат ислушано предметната програма Меѓународно јавно право дека терминот за изработка на самостојна (домашна) работа – есеј за ноемвриска сесија е заклучно со 25.11. 2020 (среда) Сите информации за оваа писмена активност (незадолжителна) се достапни во планот за реализација на настава објавен на интернет страницата на Факултетот. Поради ситуацијата со короната во државата истата нема да се пишува во еден термин во присуство на наставникот туку треба да се изработи и да се достави на електронската адреса на наставникот (marijamilenkovska@yahoo.com) заклучно со 25.11.2020 Самостојната (домашна) работа – есеј не треба да содржи повеќе од 1500 зборови (подолгите нема да бидат предмет на оценување).