Почитувани колеги, Почитувани студенти
Заради хардверски дефект на опрема на која се хостира iKnow системот, Ве известуваме дека iKnow системот моментално не е во функција.
Се работи на отстранување на дефектот, но со оглед дека се работи за специфичен хардвер не можеме да одредиме кога ќе се отстрани дефектот.
Во меѓувреме уписите и испитите да продолжат без користење на iKnow системот, врз основа на хартиена документација.
***Се известуваат кандидатите кои поднеле документи и аплицирале според Конкурсот за упис на студиските програми на Факултетот во првиот уписен рок на прв циклус студии, податоците СЕ БЕЗБЕДНИ, обработени и дека согласно конкурсните рокови ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ на web страницата и на Огласната табла на Факултетот.