Изработка на есеј по предметот Родови перспективи на криминалот од студиска програма Криминологија со криминална политика/Безбедност за неомвриска сесија во 2019 година ќе се спроведе во понеделник (25.11.2019) во времето од 14.00-15.30 часот во павиљон 3, училница 1. Есејот се изработува на една од следните теми со почитување на правилата за изработка на есеј содржани во предметната програма,
- Зошто мажите многу повеќе се инволвирани во криминал?
- Што го детерминира пристапот до правдата?
- Какво е влијанието на феминистичката платформа во изучувањето на криминалот?
- Каква слика создаваат официјалните статистики за криминал?
Вон проф д-р Стојанка Мирчева