Инструкции за полагање испит по предметот „Меѓ. полициска соработка“

Инструкции за полагање испит по предметот „Меѓ. полициска соработка“

Почитувани студенти,

во прилог се инструкциите за полагање на предметот „Меѓународна полициска соработка“, закажан за 16.11.2020 година во 13ч.

Десет минути пред закажаниот термин треба да се приклучите од Google meet (онлајн) платформата, преку следниот линк: https://meet.google.com/bzm-imwn-bxh

Секој студент(ка) полага индивидуално и за цело времетраење на испитот треба да има компјутер на кој ќе биде отворен маилот и на кој го полага испитот и треба да има уште едно средство со камера (компјутер/мобилен телефон) со кое преку Google meet платформата ќе обезбеди визуелизација на лицето кое полага и екранот на компјутерот.

Со вас треба да имате индекс или студентска легитимација.

Со почит,

Вон. проф. д-р Раде Рајковчевски