Дополнителна активност по предметот Полиција и човекови права/Човекови права и слободи

Дополнителна активност по предметот Полиција и човекови права/Човекови права и слободи

Дополнителна активност по предметот Полиција и човекови права/Човекови права и слободи претставува изработка на индивидулен проект или домашна задача на една од подолу предложените теми со почитување на инструкциите за изработка. Изработката на индивидуален проект или на домашна задача е факултативно.

 

Инструкции за индивидуален проект или домашна задача

  1. Индивидуален проект се изработува во WORD документ на најмногу 10 страници или најмногу 3ооо зборови со проред 1,5. Задолжително се почитуваат стандардите за академско пишување (види на страната на факултетот Препорака за оформување на дипломски, и други трудови). Тоа значи дека текстот треба да е структуриран и да содржи користена литература.Изработените индивидуални проекти ги доставувате на мојот маил.На секој документ, покрај насловот, потребно е да се наведе име и презиме на студентот, број на индекс и студиска програма и датум на поднесување. За индивидуален проект може да се остварат 10 бода

2.Домашна задача во WORD документ на најмногу 4 страници или најмногу  1200 зборови со проред 1,5. Задолжително се почитуваат стандардите за академско пишување (види на страната на факултетот Препорака за оформување на дипломски, и други трудови). Тоа значи дека текстот треба да е структуриран и да содржи користена литература.Изработените домашни задачи ги доставувате на мојот маил. На секој документ, покрај насловот, потребно е да се наведе име и презиме на студентот, број на индекс и студиска програма и датум на поднесување. За домашна задача може да се остварат 4 бода.

Предлог  теми за домашна задача или индивидуален проект

Предлог 1.

Листа на меѓународни тела со цел да изберете индивидуален проект (индивидуално работите од дома со користење на интернет).

  1. Првата опција е да ни претставите во пишан документ последен периодичен извештај на РСМ. Проектот опфаќа пронаогање на последниот периодичен извештај на Република Северна МАкедонија пред едно од телата и кусо претставување на извештајот. Потоа, кои се прашањата со кои се соочила делегацијата и како ги одговорила и на крајот сиже на Заклучните согледувања и препораки на меѓународното тело.
  2. Втората опција е да изберете едно од телата и детално да ја објасните процедурата пред нив и нивниот мандат и надлежност. Исто така оваа активност има карактер на индивидуален проект и се работи самостојно од дома. Носи максимум 10 бода.
  3. Трета опција е да изработите домашна задача, која може да опфати набројување на најмалку 25 конвенции на ООН или на Совет на Европа, со датум на ратификација и стапување на сила, заедно со резерви и факултативни протоколи. Домашна задача носи 4 бода.

Во прилог и неколку корисни страници

www. un.org – ООН

www.coe.int – Совет на Европа

www.cidh.oas.org – Интер-Амерчка комисија за човекови права

www.achpr.org – Афричка комисија за човекови права

www.osce.org – ОБСЕ

Предлог 2.

индивидуален проект

  1. Какво е значењето на човековите права за полициското работење?
  2. Улогата на државата во заштита на човековите права во вонредна состојба
  3. Мандат и функција на Народниот правобранител во заштитата на човековите права

домашна задача

  1. Национални механизми за заштита на човековите права (да се набројат и да се опише мандатот на пет национални механизми).

Предлог 3.

индивидуален проект

Мандат и надлежност на Комитетот против  тортура според Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување на ООН

– Ефектите од функционирањето на Комитетот за спречување на тортута според  Европската конвенција за превенција од тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, со осврт на Извештаите и препораките  за Македонија

домашна задача

– Меѓународни механизми за заштита од тортура((да се набројат и да се опише  мандатот на најмалку три национални механизми).

-Национални механизми за заштита за заштита од тортура(да се набројат и да се опише  мандатот на најамлку три национални механизми).

Предлог 4.

– Меѓународните стандарди за забрана на дискриминација (да се пребараат меѓународни документи и да се објаснат најмалку 4)

-Национални механизми за заштита од дискриминација- каде може да се бара заштита?

– Чл. 14 од  Европската конвенција за човековите права и слободи и Протоколот 12

-Кога нееднаквото постапување и третман е дискриминација?

домашна задача

Елементи на позитивна дискриминација

-Значење на основот за дискриминација за заштита

Објаснете една предрасуда и како резултира со дискриминација

Предлог 5.

Улогата на полицијата во постапувањето со бегалците и баратели на азил

-Законска надлежност на полицијата за заштита на жените од семејно насилство

-Како се штитат правата на лицата со различна сексуална ориентација?

Домашна задача           

Како се стигматизираат лицата инфицирани со ХИВ?

-Во што се состои специфичната заштита на децата жртви на насилство?

– Кои посебни права се однесуваат на децата?

Предлог 6.

– Концептот на недопуштеност според Римскиот статут

-Надлежност на МКС за кривичното дело агресија

– Значењето на Меѓународниот трибунал за териротијата на поранешна Југославија и на Меѓународниот трибунал за Руанда

Домашна задача

Зошто за државите е важно членството во МКС

-Приказ на истраги кои се водат пред МКС

-Приказ на активни судења пред МКС

-Пркиаз на прелиминарни истражување пред МКС

-Приказ на пресуди пред МКС