Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
  • ЕРАЗМУС+
  • iKnow
  • Алумни
  • Уписи
  • Сервис за вработени
  • Контакт
  • Контакт администрација
Search
  • Почетна
  • За нас
    • Историја
    • Дејност на факултетот
    • Деканат
    • Организација
      • Катедри
      • Деканатска управа
      • Совет на втор циклус студии
      • Совет на трет циклус студии
      • Наставно научен совет
      • Администрација
    • ЕКТС
    • Правни акти
    • Информации од јавен карактер
      • Самоевалуација
      • Јавни набавки
      • Годишни сметки
    • Библиотека
  • Кадар
    • Редовни професори
    • Вонредни професори
    • Доценти
    • Асистенти
    • Помлади асистенти
    • Надворешен кадар
    • Административен кадар
    • Професори во пензија
  • Соработка
    • Меѓународна соработка
    • Соработка со општеството
  • Проекти
  • Активности
    • Семинари
    • Конференции
    • Тркалезни маси
    • Стручни расправи
    • Активности со студенти
  • Студенти
    • Студентски парламент
    • Одлуки
    • Образци
    • Жиро сметка
    • Психолошко советувалиште
  • Волонтирај
  • Академски календар
Втор циклус студии
  • Информации за втор циклус студии
    • Криминалистика
    • Кризен Менаџмент
    • Безбедност и финансиска контрола
    • Безбедност 60 EKTС
    • Безбедност 120 ЕКТС
    • Форензички науки
    • Криминологија и криминална политика
    • СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТРУЧНИ СТУДИИ ПО БЕЗБЕДНОСТ

Криминологија и криминална политика

  • Информации за програмата
  • Студиска програма

Информации за програмата

Оправданост за воведување на студиската програма
Потреба за развој на криминолошката и кривичноправната научна област. Криминолошката и кривичноправната научна област во Република Македонија, покрај преку научноистражувачката дејност, треба да се развива и преку наставно-едукативната дејност, односно преку зголемување на бројот на професионалниот академски кадар во областа на криминологијата и криминалната политика.
Покрај тоа, поврзаноста помеѓу стекнатите знаења на дипломираните социолози, психолози, медиумски работници, педагози, дипломирани академци од областа на родовите и културолошките студии, од една страна и студиите по Криминологија и криминална политика на вториот циклус на студии, од друга страна, претставува одличен спој за подлабоко разбирање на криминалот и за негово проучување и објаснување од различни аспекти и пристапи. Криминалот е секојдневна општествена појава, и стекнувањето дополнителни знаења за негово разбирање и проучување во корелација со знаењата од другите области им овозможува на студентите подобро да го разберат и истражат тој феномен. Тоа значи, дека оваа студиска програма е подеднакво интересна и атрактивна, како за студентите кои веќе ги изучувале криминолошките, кривичноправните и криминалистичките науки, така и за студентите од другите научни области (социологија, психологија, антропологија, новинарство, родови студии, безбедносни науки и слично).
Потреба за стручен и професионален кадар од областа на криминологијата и криминалната политика. Напредното изучување на криминалитетот, кривичната правда, општествената реакција на криминалот, како и прочувањето на одредени сериозни облици на криминал и на неговата контрола, овозможува студентите да се стекнат со специфична и посебна експертиза и стручност. Всушност, во Република Македонија постои потреба од стручен и професионален кадар кој ќе се вклучи во важни општествени и политички дебати за прашања поврзани со причините и контролата на криминалот, со полициските стратегии и со поврзаноста помеѓу контролата на криминалот и почитувањето на основните човекови слободи и права. Затоа, предложената студиска програма е соодветна и наменета и за криминалисти, експерти од областа на безбедносните науки, граѓански активист(к)и, медиумски работници, но и за социолози, психолози, правници, кои поблиску се занимаваат со прашањата за криминалот, сторителот, жртвата и за борбата против него. Со завршување на студиската програма, студентите ќе се стекнат со дополнителни знаења, вештини и способности да ги разберат, анализираат и оценат новите и современи предизвици на криминалот, на неговата контрола и на поврзаноста со загрозувањата на човековите слободи и права.

Студиска програма

Решение за акредитација за студиската програма Криминологија и криминална политика – втор циклус студии

Решение за почеток со работа на студиската програма Криминологија и криминална политика – втор циклус студии

СТУДИСКА  ПРОГРАМА

  • „1“ Колонија – Идризово бр.2А

  • Телефон+389 2 2546-211

  • Фах +389 2 2545-070

  • Е-маил fbs@fbskopje.mk

2019 © Факултет за безбедност Скопје, сите права се задржани

Следете нè