стекнување знаења за факторите кои влијаат на безбедноста и функционирањето на институциите во безбедносниот систем;
знаење за раководење и учество во научни, стручни и апликативни проекти за идентификација и поставување на проблем;
стекнуваат знаења за примена на методите и техниките за анализа и евалуација на безбедносните процеси, состојби и институции;
стекнуваат знаења за методите за анализа на причинско-последичните врски помеѓу општествените појавите, процеси и безбедноста;
стекнување знаења за обврските на националните законодавства и институциите во безбедносниот систем во процесот на евроатлантски интеграции;
стекнување знаења за капацитетите на институциите надлежни за имплементација на условите за члентство во ЕУ и НАТО;
разбирање на целите и функциите на институциите од областа на безбедноста во функција на одржување и обезбедување на националната безбедност;
Високо специјализирано знаење кое е во полето на безбедносните науки;
База на оригинално мислење или истражување:
Подигање на критичка свест за знаењето во полето на безбедноста.
Поседува систематизирано знаење, за безбедноста, како и со другите поврзани предметни области од безбедносните науки, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и примената на автономни идеи во контекст на истражувањето на областа.
Поседува знаење од безбедносните науки и специфично од областа кризниот менаџмент кое се базирано на најреномирани меѓународни истражувања во тоа научно поле.
Знае да креира емпириско истражување со соодветна употреба на методологија и има познавање на сите фази на истражувачкиот процес (подготовка, реализација, толкување на резултатите и пишување на истражувачки извештај)