Студенти од Факултетот за безбедност-Скопје заедно со Продеканите за наука и развој и за меѓународна соработка доц.д-р Марјан Ѓуровски и проф. д-р Раде Рајковчевски присуствуваа во Скопје на одбележувањето на Црвениот крст и Црвената полумесечина 8 ми Мај. Прославата се искористи за средба на продеканите со менаџментот на Црвениот крст на РСМ претседателот д-р Ромел Велев и генералниот секретар д-р Саит Саити.Студентите се запознаа со работата и мисијата на Црвениот крст во земјата. Од страна на продеканите Ѓуровски и Рајковчевски беше искажана благодарност до првите луѓе на Црвениот крст во земјата за досегашната успешна соработка со уверување дека во иднина истата ќе биде унапредена со други проекти.
Одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина 8 Мај
- Posted by Оливера Трајанова