Дијалог во образованието за возрасни – Дијалог, градење на мирот и методи за решавање на конфликти за возрасни слушатели (ДиА)

image_url

Дијалог во образованието за возрасни – Дијалог, градење на мирот и методи за решавање на конфликти за возрасни слушатели (ДиА)

Дијалог во образованието за возрасни – Дијалог, градење на мирот и методи за решавање на конфликти за возрасни слушатели (ДиА)

Во текот на месец февруари 2020 година, а согласно предвидената динамика на активностите во рамките на проектот „Дијалог во образование за возрасни (ДИА)“ од програмата „Еразмус+“ (КА 204), се спроведиа две клучни активности.

Двајца членови на проектниот тим од Факултетот за безбедност-Скопје, проф. д-р Саше Герасимоски и проф. д-р Марјан Арсовски, во периодот 28-29.02.2020 година присуствуваа на вториот работен состанок во Копенхаген (Данска). На состанокот, секој од присутните партнери кои се дел од проектот, презентираше по два методи во образованието за возрасни кои во изминатиот период ги осмислил и применил во наставата во областите кои се дефинирани согласно проектот (справување со конфликти, градење на мирот, градење на довербата во заедницата и општествен дијалог).

Десетина дека претходно, во функција на подготовка за состанокот, членовите на проектниот тим од Факултетот, проф. д-р Саше Герасимоски, проф. д-р Раде Рајковчевски, проф. д-р Весна Трајковска и проф. д-р Марјан Арсовски, осмислија и заедно со студентите од трета и четврта година на студиската програма „Криминологија и криминална политика“, практично применија два методи во наставата.   Методите се однесуваа на справување со конфликтни ситуации (насилство на автобуски постојки во град Скопје) и општествен дијалог и општествена вклученост (надминување на општествените стереотипи и предрасуди кон зависниците од дрога на територија на градот Скопје).


На 14-15.11.2019 година во Берлин се одржа првиот состанок во рамките на проектот „Дијалог во образование за возрасни“ од програмата Еразмус плус (КА204). Универзотот „Св. Климент Охридски“ од Битола е партнер во проектот, а тимот од Факултетот за безбедност-Скопје го спроведува проектот. Проектот го раководи вон. проф. д-р Саше Герасимоски.
Главна цел на проектот е подобрување на компетенциите на кадарот кој работи во образованието на возрасни, и тоа како во формалното, така и во неформалното образование (семејството, медиумите, општеството). Посебни цели на проектот се зголемувањето на вештините и знаењата во граѓанското образование, градењето на мирот, општествениот дијалог и разрешувањето на конфликти и унапредувањето на капацитетот и искуството во оценување и презентирање на практични методи во образованието за возрасни.

Референтни податоци за проектот:
KA2 Partnership “Dialogue in Adult Education – Dialogue, Peacebuilding and conflict resolution methods for adult learners (2019-1-DE02-KA204-006097)


Во рамките на активностите од Еразмус + КА 204 проектот Дијалог во образование за возрасни (ДИА), двајца членови на проектниот тим од Факултетот за безбедност-Скопје, ред. проф. д-р Саше Герасимоски и вонр. проф. д-р Весна Трајковска, на ден 16.06.2020 година, присуствуваа на третиот работен состанок кој беше спроведен во вид на онлајн работилница. Онлајн работилницата беше организирана од страна на партнерот УНАЕДИ од Киев, Украина. Главна цел на состанокот (работилницата) беше примена на Лосје (Loesje) методот во образованието за возрасни во делот на мировното образование.  Резултат од одржаниот онлајн состанок, т.е., спроведената работилница, беше изработка на постери со кратки пораки за мировното образование за возрасни, кои беа споделени помеѓу учесниците и објавени на нивните Интеренет страни и официјалната Интернет страна на ДИА проектот.

Во прилог, во продолжение следуваат и фотографии од спроведените активности и дел од изработените постери.


 

Во рамките на активностите за спроведување на ДИА проектот, на ден 28.10.2020 година, двајца членови од тимот на проектот, ред. проф. д-р Саше Герасимоски и вон. проф. д-р Весна Трајковска, осмислија и заедно со студентите по предметот Безбедносна култура од прва година на студиската програма Безбедност и евроатлантски интеграции и студентите по предметот Безбедност во приватниот сектор од четврта година на студиската програма Криминалистика, практично применија два методи во наставата. Методите се однесуваа на зацврстување на припадноста кон заедницата преку афирмација на безбедносната култура и препознавање и реагирање на конфликтни безбедносни ситуации при обезбедување на објект.  Поради пандемијата со Ковид 19, активноста беше спроведена онлајн.

Во прилог следуваат фотографии од настанот

Диа Манифест МКД


Во рамките на активностите од Еразмус + КА 204 проектот Дијалог во образование за возрасни (ДИА), тројца членови на проектниот тим од Факултетот за безбедност-Скопје, ред. проф. д-р Саше Герасимоски, вон. проф. д-р Весна Трајковска и вон. проф. д-р Раде Рајковчевски, на ден 14.12.2020 година, присуствуваа на онлајн Форум. Онлајн Форумот беше организиран од страна на партнерот УНАЕДИ од Киев, Украина. Тема на онлајн Форумот беше справување со конфликти, а насловот “Meet Peacebuilder in Action-Запознајте го градителот на мирот на дело”.  На Форумот, во просториите на УНАЕДИ во Киев, беа присустни украински новинари кои го следеа настанот и можеа да учествуваат (заедно со партнерите презентери) во дискусија во врска со презентираните теми.  Членовите на проектниот тим од Факултетот за безбедност учествуваа со своја презентација на тема „Resolving the armed conflict-Macedonia in 2001-Разрешување на вооружен конфликт-Македонија во 2001“.

Во прилог, во продолжение следуваат и фотографии од активноста.


Во рамките на активностите од Еразмус + КА 204 проектот „Дијалог во образование за возрасни“ (ДИА), во текот на месеците Мај, Јуни и Јули 2021 година, беа спроведени активности за реализација на паметните методи во образованието за возрасни со повеќе целни групи (студенти, целни групи од НВО секторот, приватното обезбедување и членови на навивачка група).  Активностите беа реализирани од страна на членовите на проектниот тим од Факултетот за безбедност-Скопје, ред. проф. д-р Саше Герасимоски, вонр. проф. д-р Раде Рајковчевски и вонр. проф. д-р Весна Трајковска, во соработка со придружните партнери (надворешни учесници) во проектот: Агенција за приватно обезбедување „ОСА Обезбедување“, НВО „Евротинк“ и НВО „Форум Цивилен Мировен Сервис“.  Исто така, во реализацијата на дел од методите, како целни групи учесници, учество зедоа и претставници на навивачката група „Чкембари“ од Битола.  Реализацијата на методите се однесуваше на четирите области во кои се спроведува проектот: справување со конфликти, градење на мирот, градење на заедницата и општествена вклученост. Поголемиот дел од активностите беа спроведени онлајн, а дел и со физичко присуство.

Во периодот од 09.08.2021 до 13.08.2021 година, во Дубровник и Корчула, Хрватска, се одржаа обука и транснационален состанок согласно предвидениот план на активности од ДИА проектот.  На истите зедоа учество членот на проектниот тим од Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Битола, Факултет за безбедност, Скопје и раководител на проектот ред. проф. д-р Саше Герасимоски и претставник на надворешниот учесник во проектот НВО „Евротинк“, м-р Александар Стојановски.  Главни цели на обуката беа презентација и тестирање на по еден паметен метод во образованието за возрасни, на кој секој од присутните партнери кои се дел од проектот во изминатиот период работеле, ги осмислиле и примениле во наставата во областите кои се дефинирани согласно проектот. Обуката беше спроведена во периодот 10.08.2021-13.08.2021 во Интеруниверзитетскиот центар во Дубровник (International University Centre-IUC). Презентираните методи беа од областите градење на доверба во заедницата и општествен дијалог.

Во контекст на претходното, присутните членови на обуката од Факултетот за безбедност и НВО „Евротинк“, презентираа еден паметен метод на кој претходно работеа членовите на проектниот тим.  Имено, месец дена претходно, во функција на подготовка за обуката, членовите на проектниот тим од Факултетот за безбедност, ред. проф. д-р Саше Герасимоски, вонр. проф. д-р Раде Рајковчевски и вонр. проф. д-р Весна Трајковска, во соработка со м-р Александар Стојановски, сите со својство на едукатори, осмислија и заедно со студентите од Факултетот за безбедност и членови на НВО „Евротинк“ од Скопје во својство на слушатели, го спроведоа методот бр. 10 насловен како Think to Create-Social Integration of Roma affected by Vagrancy (Мисли за да создадеш-Општествена интеграција на Ромите опфатени со вагабондажа).  Методот се однесува на општествена интеграција на Ромите како ранлива популација опфатена со вагабондажа и ги опфаќа областите општествен дијалог и градење на заедницата.

На ден 09.08.2021 година, во рамките на наведените активности, во Корчула, Република Хрватска, ред. проф. д-р Саше Герасимоски и м-р Александар Стојановски учествуваа и на транснационалниот состанок, на кој, меѓу другото, беше  остварен работен состанок со градоначалничката на градот Корчула, г-ѓа Ника Силиќ Мароевиќ, директорот на агенцијата за развој на Корчула г-ѓа Ана Мариа Граниќ и претседателката на организацијата ЛАГ5 г-ѓа Катарина Слејко.  Состанокот беше со цел запознавање со развојот на градот, особено во областите интересни за проектот.

Во прилог, во продолжение следуваат и фотографии од спроведените активности.

Blog Attachment